Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху усвоил верзија на таканаречениот „план на генералот Ајланд“ за Газа со кој се ризикува и етничко чистење, изјавил за Си-Ен-Ен поранешен израелски висок функционер.
Додека четири извори од израелската влада велат дека планот не е усвоен, самиот пензиониран генерал Џора Алјанд ја потврди веста, но истакна дека има разлика помеѓу неговиот предлог и она што се спроведува на терен во Газа.
Тој преку СМС порака за Си-Ен-Ен потврдил дека кабинетот на Нетанјаху „навистина ја следи неговата препорака за преземање на контролата врз северниот дел на Појасот Газа, но дека тој препорачал да се спроведе опсада (по евакуацијата на цивилите) и да се запре снабдувањето, а дека израелската влада засега тоа не го применила“.
- „ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ СЕ ПРОПАДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА“ Израелски министер распали по мировните сили во Либан
Според пензионираниот генерал-мајот Гершон Хакоен „планот на Ајланд“ не би дозволил граѓаните на Газа да се вратат во своите домови откако ќе бидат протерани, а тоа би предизвикало етничко чистење.
Сепак, планот кој го прифатила израелската влада засега го избегнува тој елемент со кој би се скршило меѓународното право.
Израелската војска од минатиот викенд спроведува голема и обновена офанзива во северниот дел на Газа која се чини дека е многу поширока од бегалскиот камп во Џабалија каде имаше наводи за присуство на терористи.
Ниту еден камион со храна не влегол во северниот дел на Газа од почетокот на месецот, забележува Си-Ен-Ен во анализата. Палестинците таму се жалат на западните агенции дека војната во моментот е најинтензивна од нејзиниот почеток.
Истовремено, Нетанјаху изјави дека „планот на генералот“ има повеќе смисла одошто првично се сметаше и дека тој е една од неколкуте идеи што се разгледуваат за пресврт на динамиката на војната во Газа.