More

    Суд во Јапонија денеска осуди човек за кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од својот сосед – земјоделец и соперник, откако рекордните летни горештини му го уништиле родот

    spot_img

    Суд во Јапонија денеска осуди човек за кражба на повеќе од 200 килограми млад кромид од својот сосед – земјоделец и соперник, откако рекордните летни горештини му го уништиле родот. Човекот, кој и се повлекол од земјоделството по кражбата, е осуден на казна затвор од две години, и суспензија од три години, пренесуваат тамошните медиуми.

    Окружниот суд во Кјото ја оцени кражбата како „злонамерна“, а сѐ тоа се случувало во август и во септември.

    Судиите не најдоа „никакви олеснителни околности“ во одлуката на осудениот да „краде од конкурент и да го надомести изгубениот приход предизвикан од неповолните временски услови“. Направената штета е во вредност од 200.000 јени (околу 1.300 долари), јави „Кансај ТВ“.

    Топлотните бранови поттикнати од климатските промени зафатија многу делови од планетата Земја.

    Летото оваа година во Јапонија важи за најжешкото досега – заедно со тоа забележано во 2023 година. Познатата снежна покривка на планината Фуџи, исто така, оваа година го имаше рекордот во најдоцно појавување – не завеа до почетокот на ноември. Вообичаено, снег на познатата јапонска планина паѓа на почетокот на октомври.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img