Субвенционираната струја да се укине само за оние компании кои не ги намалиле цените на своите производи, а не за сите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Субвенционираната струја да се укине само за оние компании кои не ги намалиле цените на своите производи, а не за сите, предлага Сојузот на стопански комори, за да не дојде до нов бран поскапувања.

Претходно министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе побара евтината струја да не важи за фирмите, бидејќи анализата покажала дека дури 70 отсто од нив не го почитувале договорот дека ќе ги намалат цените. Од СКК сметаат дека мерката е радикална и може да биде контрапродуктивна.

– Оние компании кои согласно договорот не ги намалија цените треба да се префрлат на слободен пазар и за нив нека се укине субвенционираната струја, но не и за оние кои го почитувале договореното – изјави за Канал 5 Горан Георгиевски, потпреттседател на ССК.
На прашање дали по оваа одлука ќе следува нов раст на цените, тој вели дека за тоа ќе одлучи секоја компанија посебно, бидејќи струјата не е единствениот фактор за поскапувањето.

– Секоја компанија ќе си направи внатрешни анализа, не би прејудицирал, но може да се случи зголемување на цените – вели Георгиевски. Тој додава дека претставници на ССК побарале средба со министерот Бектеши.

Вкупно 240 фирми од прехранбениот сектор веќе трет месец користат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час. Мерката требаше да важи до 1. април, но по реакциите во јавноста дека цените се намалиле незначително, Бектеши најави дека ќе бара мерката да се укине.

Share This Article