Висината, бојата на очите и косата не се најважните работи за жените кај мажите.
Истражувањето на Австралискиот универзитет спроведено во 2016 година неодамна повторно почна да се шири на социјалните мрежи.
Брајан Мауц, Боб Вонг, Ричард Питерс и Мајкл Џенионс сакале да проверат колку големината на машкиот генитален орган влијае на привлечноста на машкото тело.
Во истражувањето користеле компјутерски модифицирани фотографии на кои на тела со иста големина и облик на торзо им биле додадени гениталии со различна големина. Откриле дека жените секогаш прво гледаат на обликот на машкото торзо. Така, се покажа дека обликот на торзото е најважната карактеристика за жените кога ги „оценуваат“ мажите.
Исто така, се покажа дека големината на пенисот има речиси исто влијание на привлечноста како и висината на мажот. Токму големината на гениталниот орган и висината го делеле второто место во најважните машки карактеристики за жените.
Висината и големината на гениталниот орган се исто така две важни работи ако ги прашате жените, а како објаснување научниците навеле дека овие карактеристики сугерираат „подобро здравје и поголема сила“ кај мажите, пишува Индекс.
Сепак, ќе се согласиме дека ништо не е толку важно како карактерот и шармот… нели?