Студентот Џек Свини кој беше суспендиран од Твитер затоа што во живо ги објавуваше рутите и времињата на летовите на Илон Маск, сега направил нов профил преку кој пак ги објавува, но со 24 часа задоцнување. Новиот профил наречен @ElonJetNextDay е тешко да се најде на Твитер бидејќи е забрането да биде пребаруван, јавува ЊујоркПост.
За да дојдете на овој профил треба да ги смените вашите поставки на социјалната мрежа.
Свини, кому Маск му се закануваше со правна постапка поради првиот профил @elonjet, рече дека не очекувал дека новото отворање сметка за следење авиони ќе ги наруши правилата на Твитер.
– 24-часовното доцнење е дозволено на Твитер – изјавил Свини, додавајќи дека неговата лична сметка останува затворена.
Свини исто така продолжи да ги објавува во вистинско време летовите на Маск на своите други профили на Фејсбук, Инстаграм, Телеграм и на Мастодон.
Тој за Њујорк Пост изјавил дека не е загрижен за каква било можна правна постапка од Маск, велејќи дека милијардерот блефира.