More

    Студенти од битолскиот универзитет следат програма за практиканти во СН Осигурителен Брокер

    spot_img

    – За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младите. Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа, вели практикантот Дарко Филевски.

    Програмата за практиканти на СН Осигурителен Брокер АД Битола сега ја следат и студенти од Правниот Факултет во Кичево, откако претходно практична работа реализираа студенти од „Факултетот за туризам и угостителство“ во Охрид.
    Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“ овозможува менторство, практично надоградување и усовршување на млади кадри во соодветните струки.
    Од компанијата велат дека целта е да се поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
    „Младите се незаменлив дел од работењето на секоја успешна компанија. СН Осигурителен Брокер АД Битола го препознава и вреднува потенцијалот на младите кадри и нашата цел е преку менторски програми и пренесување на вредни искуства да им дадеме дополнителна поддршка во процесот на едукација.“-велат од СН Осигурителен Брокер.
    Еден од практикантите е и Дарко Филевски, кој студира на Правниот Факултет во Кичево, на дисперзираните студии во Битола, при универзитетот „св. Климент Охридски“.
    „За време на праксата лично се уверив дека СН Осигурителен брокер како општетсвено одговорна компанија го почитува потенцијалот на младите. Компанијата ги исполни моите очекувања и затоа сакам да се заблагодарам за можноста да реализирам пракса токму во оваа компанија. Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам нови знаења кои понатаму ќе значат многу во идниот кариерен развој. Сфатив што значи самостојност во работата, но и тимска работа. И двете многу важни елементи за градење професионална кариера. Имено, би сакал да потенцирам дека имам можност да учам од вистински професионалци и секако нивните совети би ги применил во иднина. Ова е голем бенефит кој СН Осигурителен брокер го овозможува за младите.“-вели практикантот Филевски.
    Претходно, практична работа во СН Осигурителен Брокер АД Битола реализираа Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид, на отсекот осигурување. По завршувањето на програмата тие изјавија дека практичната работа им овозможила непосредно да почуствуваат што значи да се работи во секторот на осигурувањето.
    „Факултетот за туризам и угостителство нуди одлични услови за нас студентите, а отсекот осигурување најмногу го привлече мојот интерес. Праксата во СН Осигурителен Брокер во Битола верувам дека многу позитивно ќе влијае на вкупните резултати од нашето студирање.“-вели Стојановска.
    И Ристевски рече дека очекува голем бенефит од практичната работа. „Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање и затоа праксата многу ми значи. Стручниот тим на оваа компанија, вложи голем труд и ни пренесе вредни искуства, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето.“-вели тој.
    Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно на пазарот на трудот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img