Струмичките пожарникари утринава учествувале во гасењето на опожарен автомобил.
Како што информираат од службата, утринава во 01.00 часот на локацијата викано Двата пата, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.
– Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше сопрено неговото натамошно ширење – појаснуваат од Струмичката противпожарна служба.
Во моментов во државата, сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност.