More

    Струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со огнените стихии

    spot_img

    Струмичките пожарникари ќе добијат бонус од 10 000 денари поради посветената и деноноќна борба со огнените стихии, соопшти градоначалникот на општината Костадин Костадинов.

    „Бонус по 10.000 денари за секој струмички пожарникар! Најмалку што можам да направам за моите пожарникари кои деноноќно, посветено со последните сили се бориме против огнените стихии. Во името на цела Струмица, ви благодарам! Господ да ве благослови и да ни ја чува нашата Струмица“, напиша на Фејсбук  Костадинов.

    Тој, како што објавија подоцна пожарникарите на својата Фејсбук страница  вчера морал да прими инфузија откако претходно во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во Струмичко.

    „Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога пожарот ескалираше, вдишувајќи многу чад, мораше да прими инфузија“, се наведува во објавата.

    Со денови се гасне пожарот на планината Огражден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img