Струмичкиот клуб ќе се ребрендира во ФК Брера

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тоа што веќе долго време се најавуваше, а тоа го потврди и самиот Горан Пандев, ФК Академија Пандев од Струмица ќе добие италијанско-американски сопственик, објави СпортМедиа.

„Брера Холдинг“ и официјално објави дека ќе го купува клубот од струмичани, и дека тој ќе биде ребрендиран, односно ќе се преименува во ФК Брера.

Да потсетиме дека „Брера Холдинг“ минатата недела излезе на берзата во Њујорк, а сега веќе оваа фирма која е со седиште во Р. Ирска, објави писмо со заинтересираност за струмичкиот ФК Академија Пандев.

Се очекува за неколку месеци сите процедури да бидат завршени и ФК Брера од Струмица да биде, во блиска иднина, еден од водечките клубови во Македонија.

Share This Article