Струмичанец сведочи како е денеска во Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонец кој живее на околу 23 километри од Киев, Украина, открива каква е состојбата денеска во земјата. Игор Ангелов, кој е оженет за Украинка од 2014 година, живее во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област.

– Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме… Купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно – рече тој за Струмица денес.

Тој додава дека неговите во Македонија се многу исплашени и дека до аеродромот нема опција како да се стаса, бидејќи е блокиран патот помеѓу Бровари-Киев.

Целото сведоштво во видеото во продолжение.

 

Video Player
Share This Article