СТРУЈАТА МОЖЕ ДА ПОСКАПИ ЗА 2 ДО 3% Владата прави напори да го застане на нозе ЕСМ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку има некакво зголемување на цената на струјата тоа ќе биде за 2 до 3%, но се преземаат мерки да не дојде до зголемување на цената за домаќинствата, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој смета дека зголемувањето од 2 до 3% на цената би била реткост во регионот каде што се најавени зголемувања на цената на струјата од 10, 15 и 20%.

Тој рече дека за 4 месеци раководството на ЕСМ успеало да го консолидира работењето за да не дојде до зголемување на цената на струјата.

– Седум години го ограбуваа ЕСМ и сега ние за 4 месеци го консолидиравме за да не дојде до зголемување на цената. Од компанија која во 2017 година имаше 1,5 милијарди денари депозити во банки и околу 300 милиони, ја уништија и ја направија загубар без око да им трепне. Но наскоро ќе се слушне за тоа. На депонија има околу 250.000 тони јаглен, договорени се половина милион тони по ниска цена, а имаме откриено и ново парче руда. Кога ќе ги подготвиме овие работи доаѓаме до тоа дека нема да има зголемување на цената на струјата за 10, 15, 20% како што е во регионот, туку можеме да очкуваме зголемување од 2 до 3% – рече Мицкоски.

Во однос на тоа дали ЕСМ ќе може да понуди ниска цена на струјата на тендерот на ЕВН без да се најде во лоша состојба поради задолженоста, Мицкоски рече дека очекува ЕСМ да излезе од загубите и да почне да работи рентабилно до крајот на следната година.

– ЕСМ има приходи од електричната енергија што ја дава на ЕВН, од системските услуги на МЕПСО и од загубите кои ги продава на МЕПСО и на дистрибутерот. Кога ги имате овие податоци и плус сите мерки за консолидација и за намалување на цената очекувам на крајот на следната година ЕСМ да стане компанија која ќе работи позитивно – рече Мицкоски.

Тој рече дека се прават последните пресметки за цената на струјата која ЕСМ ќе ја понуди на ЕВН и таа ќе се движи меѓу 58 и 62 евра.

Share This Article