Четворица членови на германскиот клуб од пониската лига Алеманија 05 загинаа во страшна сообраќајна несреќа во близина на Карлсруе.
Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер на клубот.
Тие се враќале дома од забава во клубот. Несреќата се случила на само неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ меѓу саботата и неделата.
Според полицијата, автомобилот со четворицата се излизгал и излегол на спротивната сообраќајна лента каде се судрил со такси. Возачот на автомобилот и неговите тројца сопатници загинале на лице место.
Во сообраќајната несреќа загинало и едно лице од таксито. Во него покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив за жал загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.
Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.