Се слушнаа ужасни детали на судењето на Кристијан Брукнер (47) осомничен за исчезнувањето на тригодишната Медлин Мекен во 2007 година.
Брукнер е обвинет за 3 силувања и 2 сексуални напада наводно извршени во португалскиот регион Алгарве меѓу 2000 и 2017 година. Нападите се случиле само неколку минути откако тогаш тригодишната Медлин исчезнала од станот во Праја да Луз во мај 2007 година, каде што престојувала со нејзините родители Кејт и Џери и со браќата и сестрите.
Оттогаш не е видена, а германската полиција во јуни 2020 година го именувала Брукнер како човекот одговорен за нејзиното киднапирање и убиство, но тој сѐ уште не е обвинет за ништо поврзано со нејзиното исчезнување.
На суд се прочитаа шокирачки детали за тоа како жртвата на Брукнер Хејзел Бехан, која рече дека била нападната во 2004 година додека работела како туристички водич на Алгарве, се плашела дека напаѓачот „ќе ѝ ја отсече главата“.
И две други наводни силувања на неидентификувана жена на возраст меѓу 70 и 80 години и на 14-годишна девојка биле опишани во морничави детали. Обвинителот изјави пред судот дека Брукнер ја користел „силувачката дрога“ за да ги онеспособи жртвите пред да ги зароби во неговата куќа.
– Отишол во спалната на Бехан каде што спиела. Бил облечен во црно, носел кожени ракавици и маска. Маската имала само два кружни исечока за очите и мал пресек за устата, па жртвите можеле да ги видат само очите и веѓите на обвинетиот. Во левата рака држел нож со сечило долго околу 30 сантиметри, клекнал над заспаната жртва и го кажал нејзиното име, што ја разбудило. Го држел ножот така што жртвата јасно го видела кога се разбудила – рече обвинителот во дополнителни графички детали за нападот врз Хејзел.
Адвокатот на Брукнер изјави дека неговиот клиент е жртва на нечесна медиумска кампања.
– Тој е под постојан медиумски оган низ целиот свет. Според јавното обвинителството во Брауншвајг, тој наводно ја киднапирал и ја убил Медлин Мекен. Оваа теорија постојано се повторува од страна на истражните органи за медиумите – рече тој.
Обвинителот прочитал 5 обвиненија против Брукнер. Тој внимателно слушал додека го скенирал досието пред него, забележувал и повремено се вртел за да му шепне нешто на својот правен тим.
Брукнер претходно месецов изјави за Мејл онлајн дека случајот против него е смешен.
– Се надевам дека наскоро ќе најдат некои одговори на нивните прашања – саркастично изјави Брукнер.
Адвокатот на Брукнер рече дека неговиот клиент негирал каква било вмешаност во исчезнувањето на Медлин, а и рекол дека е невин за актуелните обвинувања. Тој бил под стрес бидејќи е во медиумите и бил во лоша здравствена состојба.
Судењето нема врска со исчезнувањето на Медлин. Ако биде осуден, Брукнер може да го мине остатокот од животот во затвор, но инсистира дека ДНК-доказите и другите докази против него се погрешни, а и дека сведоците лажат.
Судењето треба да трае до јуни.