Страшна снимка: Ајкула плива кон капачите, луѓето врескаат и трчаат кон брегот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Посетителите на плажа во Флорида беа сведоци на сцена која потсетува на култниот филм Jaws. Бегале во страв од ајкулата која ја забележале во плиткото.

Паниката на плажата во Флорида е слична на онаа во филмовите за напади од ајкула. Голема ајкула плива кон капачите и се врти во плиткото крај плажа во Флорида.

Во драматично видео кое се прошири на социјалните мрежи се гледаат капачи кои на само неколку чекори подалеку, во плиткото, гледаат ајкула.

Дневник.хр објави дека и капачите кои се одмарале на гумен чамец биле изненадени од извиците на капачите на брегот кои предупредуваат на ајкула.

Ајкулата на видеото изгледа вознемирено, сè околу неа прска додека се врти во водата. Сцената е снимена во Пердито Кеј во неделата попладне. Грбните перки на ајкулата излегле од длабочините и почнале да создаваат бранови на водата додека пливала.

Во твитот со видеото се вели дека најверојатно се работи за ајкула со чекан, која генерално не треба да претставува закана за луѓето.

Ова е само еден од случаите кои се забележани за време на викендот во САД.

 

Share This Article