Четворица работници загинаа откако се урна скеле на големо градилиште во Хамбург, пристанишен град во северна Германија, а неколку лица се водат како исчезнати, изјави во понеделникот портпаролот на противпожарната служба.
Причините за несреќата се уште не се познати, додаде тој. „Неколку луѓе се закопани под скелето и се водат како исчезнати“, рече портпаролот.
На терен се околу 70 членови на спасувачките екипи.
Несреќата се случи во Хафенсити, област на голем проект за обнова на поранешниот дел на пристаништето Хамбург.
Според популарниот дневен весник „Билд“, скелиња се срушиле во „Вестфилд Хамбург-Уберсеквартиер“, нов деловен, станбен и рекреативен комплекс кој ќе вклучува и нов терминал за крстарење.
Работниците кои загинаа граделе вратило на лифтот кога скелето се урнало, згмечувајќи најмалку осум работници, според АФП.
Целата област каде што работеа околу 700 работници е евакуирана, пишува Билд.