More

    Страшен циклон и се приближува на Македонија

    spot_img

    Во срцето на зимата, топлиот метеоролошки феномен „Ел Нињо“ ни донесе вистинска пролет во февруари, пишува во најновата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

    Според Попоски стабилното, суво, сончево и пролетно топлото време ќе се задржи до крајот на оваа работна недела. Веќе од викендов влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период.

    – Под влијание на циклонска активност од запад, очекуваме почести врнежи кои ќе бидат претежно од дожд и тоа поради јужното воздушно струење и топлото време. Исто така очекуваме силен јужен ветер, како и Сахарска прашина и песок – вели Попоски.

    Тој додава дека сето ова ќе предизвика особено кај метеопатите поголеми здравствени проблеми, што значи дека биометеото ќе биде доста неповолно.

    – Следната седмица ќе биде многу променлива и со почести врнежи претежно од дожд. Снег барем засега нема на видик. Многу појасна слика околу циклоналниот период кој е пред нас ќе имаме во следните денови, тогаш очекувајте многу повеќе детали, и секако искористете го максимално ова сончево пролетно време во февруари – додава Попоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img