Странците оствариле повеќе од 217.000 ноќевања

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи. Стрнците оствариле 217 118, додека, пак, домашните туристи оствариле 660.020 ноќевања.

Кумулативно од јануари до август годинава споредено со истиот период лани нројот на туристи е зголемен за  22%. Притоа кај домашните туристи има зголемување за 0,4, а кај странските за 42,4%. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,6% и тоа за 1,2% кај домашните и за 25,5% кај странските туристи.

Share This Article