Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (Federation Internationale Feline – FIFe) одлучи да им забрани на руските мачки да учествуваат на меѓународни натпревари поради ситуацијата во Украина.
Мачките во сопственост на Руси или одгледувани во Русија нема да можат да учествуваат на изложби и натпревари на Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки (FIFe), ниту пак ќе можат да се регистрираат во книгата за педигре на таа организација.
„Извршниот одбор на ФИФЕ е шокиран и ужаснат што армијата на Руската Федерација ја нападна Украина и започна војна. „Многу невини луѓе ги загубија животите, многумина беа повредени или принудени да ги напуштат своите домови“, се вели во соопштението на организацијата, објаснувајќи зошто се воведени санкции за руските мачки.
Се додава дека FIFe ќе организира донации за да им помогне на одгледувачите на мачки во Украина.
ФИФе е меѓународна организација со седиште во Париз и се состои од 41 член од 39 земји во Европа, Азија и Јужна Америка. Секоја година организира повеќе од 700 настани, на кои се изложени вкупно 200.000 мачки.