More

    Стотици прехранбени производи од денеска до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10% пониски цени отколку што се продавале на 1 август

    spot_img

    Стотици прехранбени производи од денеска до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10% пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. Одлуката за поевтинување на прехранбените производи за 10% и замрзнување на намалените цени  ја донесе вчера Владата на седница, а според најавите од министерот за економија листата со производи ќе се прошири следната недела.

    Со владината одлука, трговците на големо и производителите вклучувајќи ги и увозниците и дистрибутерите дополнително имаат обврска да го снабдуваат пазарот со најмалку 70% од количините на истите производи што ги снабдувале во август годинава.

    Владата ја коригираше одлуката во делот на акциите со која ќе им се дозволи на трговците на мало да можат да прават акции со пониски цени од цените што се замрзнати со денешната одлука на Владата. Дополнително сите трговци на мало и сите синџири на супермаркети ќе имаат обврска во случај да прават намалување на одредени цени заради истек на рок тоа да го означат за да им биде јасно на граѓаните кои купуваат што таксативно е наведено во одуката за акции.

    Казната за непочитување на мерките може да  биде и забрана за вршење дејност во зависност од тежината на прекршокот, а  ќе ја спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). За таа цел во текот на наредната недела ќе се зголемат ингеренциите на ДПИ.

    Идната недела ќе се донесе и ново законско решение за нефер трговски практики. За евентуално предизвикување заблуди кај потрошувачите во однос на цените, измами или нефер трговски практики се предвидуваат забрана за вршење дејност или различни други казни и глоби кои се главно прекршочни.

    Со одлуката на Владата се намалуваат цените на:

    -ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;

    -брашно пченично тип 400 и тип 500;

    -бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

    – други пекарски производи; 5) бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 g;

    -наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;

    – тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;

    -јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

    -свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;

    -мелено месо свинско и јунешко;

    -пиле свежо или замрзнато (цело);

    -пилешки стек свеж или замрзнат;

    -чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

    -пилешка посебна салама (без слајс пакување);

    -паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;

    -трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;

    -јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;

    -кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;

    -павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g ;

    -традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

    -традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);

    -свежи јајца од кокошка;

    -свежо овошје и

    -свеж зеленчук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img