More

    Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака

    spot_img

    Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што избувна утринава на популарен пазар за облека во Дака (Бангладеш).

    Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот Бонго Базар и уште 3 помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот.

    Портпарол на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 600 пожарникари. Во операцијата помагаат и единици на армијата и морнарицата на Бангладеш.

    Бонго Базар е еден од најголемите пазари во Дака каде што по ниски цени се продава облека од западни брендови што е произведена во Бангладеш и не поминала контрола на квалитетот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img