Стопанската комора бара со субвенциите за струја да биде опфатена цела месна индустрија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Стопанската комора апелира сите фирми од месна дејност кои се снабдуваат со струја на отворен пазар да биде вклучена во владината мерка за поевтина струја.

– Апелираме, укажуваме и очекуваме дека во делот на месната индустрија ќе биде вклучена целата дејност одгледување на животни, што е многу важно за сите фирми кои имаат фарми за одгледување на животни (живина, свињи, молзни крави, овци, кози) и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат поддеднакво третирани во мерката, со цел сочувување на сточниот фонд во нашата држава – велат од стопанската комора.

Владата, ја вклучи и месната индустрија во мерките со кои на компаниите им се овозможува да добијат поевтина струја од 80 евра по мегават/час.

Од Комора велат дека ќе останат доследни на определба да им  помогнат на компаниите за полесно надминување на предвизвиците коишто ги носи енергетската криза.

-И понатаму ќе бидеме во дневен контакт со нив, ќе предлагаме решенија до Владата и надлежните институции и ќе бидеме проактиви и кооперативни со цел да се дојде до поддршка и за останатите компании кои се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава – велат од Коората.

Во насока на поддршка на компаниите, деновиве Кризниот штаб на Стопанската комора ќе оствари средба со менаџментот на Развојна банка  со цел да ги афирмираме кај бизнис заедницата поволносите од кредитните линии за поддршка на стопанството во услови на енергетската криза, а ќе има и средби со претставници од Делегацијата на ЕУ во земјава за финансирање и поддршка на проекти значајни за бизнис секторот.

Кризниот штаб на Комората ја поздрави заложбата на Владата за носење на мерки за поддршка на компаниите како и последната Одлука за преземање на мерка при прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Share This Article