More

    Столтенберг вели дека вторник ќе биде добар ден за безбедноста

    spot_img

    Финска утре ќе стане членка на НАТО, соопштија од кабинетот на претседателот на Финска, Саули Нинисто, а оваа вест ја потврди и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесе Ројтерс.

    – Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна поради влезот на нејзиниот сосед во НАТО. За прв пат ќе го подигнеме финското знаме во седиштето на НАТО. Вторник ќе биде добар ден за безбедноста на Финска и НАТО – рече Столтенберг.

    Во четвртокот, турскиот парламент го ратификуваше влезот на Финска во Северноатлантската алијанса, при што сите 276 присутни членови гласаа „за“.

    Таа одлука на турскиот парламент стапи на сила во саботата, отстранувајќи ја последната пречка за влез на оваа нордиска земја во Алијансата, бидејќи сите 29 членки на НАТО претходно го ратификуваа влезот на Финска.

    Шведска сѐ уште нема да стане членка на Северноатлантската алијанса, бидејќи Анкара сѐ уште не и дала зелено светло.

    Турција ја обвини Шведска дека засолнила членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка група.

    Односите меѓу двете земји дополнително се влошија со протестите во јануари во близина на турската амбасада во Стокхолм, каде што екстремно десничарски политичар запали копија од Куранот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img