Столтенберг рече дека патот на Украина ќе биде скратен, но дека не постои временски рок

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден, наместо два чекори ќе има Украина за да стане членка на НАТО, изјави генсекот на Алијансата Јенс Столтенберг денеска на самитот во Вилнус во Литванија, јавува Би-Би-Си.

– Ова е силен пакет за Украина и јасен пат кон нејзиното членство во НАТО – рече тој.

Скратувањето на чекорите за Украина се однесува на Акцискиот план за членство(МАП), чекор од кој НАТО се откажа за да го расчисти патот на земјата во сојузот. Беше донесена и декларација под име „Иднината на Украина е во НАТО“ договорена од страна на 31. земја членка.

– НАТО ќе упати покана до Украина да се приклучи на воената алијанса кога „членките ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите – изјави Столтенберг на денешната пресконференција.

Украина од НАТО ќе добие повеќегодишна програма за помош за достигнување на стандардите на НАТО. Столтенберг истакна и дека „најитна задача“ сега е да се осигура дека Украина „издржува“ против руската инвазија. Во спротивно, како што кажа, „без овој исход, воопшто не може да има дискусија за членство“.

Столтенберг очекува уште земји од членките да одвојуваат повеќе од 2 отсто од својот бруто домашен производ за одбраната на НАТО, а тоа во моментот го прават само единаесет од сојузниците. Исто така, планирано е 300.000 војници да бидат на готовс на границите на Алијансата. Столтенберг го поздрави и историското „Нордиско проширување“, мислејќи на Финска и на Шведска.

За гневниот твит на Зеленски пред самитот Столтенберег изјави:

– Ако ги погледнете сите претходни процеси за пристапување во НАТО, тие не беа засновани на временски рамки, туку на исполнување на условите – подвлече тој.

Во меѓувреме украинскиот претседател Володимир Зеленски пред голема толпа на собир во градот Вилнус рече дека верува во НАТО коешто не се колеба, не губи време и коешто не гледа назад кон агресорот.

- Advertisement -
Ad image

– НАТО ќе ѝ даде на Украина безбедност. Украина ќе го направи НАТО посилен! – рече Зеленски на собирот покрај неговиот литвански колега Гитанас Науседа, а неговиот говор беше проследен со овации од граѓаните на Литванија и интонирање на украинската химна.

По собирот во Вилнус, се очекува говорот на Зеленски на самитот. Гневниот твит на Зеленски пред да дојде во Литванија во кој вели дека е апсурдно тоа што нема одлука за членство на Украина наиде на одговор од Белата куќа во кој се вели дека за членство ќе се бараат уште неколку реформи како што се доброто владеење,  владеењето на правото и политички реформи.

Украинскиот министер за надворешни работи Олексиј Резников на Твитер напиша дека 11 земји направиле коалиција за обучување на украинските пилоти за пилотирање на авионите Ф-16, но и други типови авиони.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article