More

    Столтенберг одговори на обвинувањата на Путин

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија.

    Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту  од НАТО, и дека Алијансата никогаш не била закана за Русија.

    – Тоа не е конфронтација ниту од ЕУ, ниту од НАТО. НАТО е одбранбен сојуз, НАТО и Финска никогаш не биле закана за Русија – изјави Столтенберг во интервју за Си-ен-ен.

    Според него, со влезот во НАТО Финска ќе биде побезбедна, а НАТО ќе стане посилен.

    Столтенберг додаде дека Русија не треба да одлучува кој може да влезе во Алијансата, туку тоа е одлука на секоја независна земја.

    Путин претходно изјави дека односите меѓу Русија и ЕУ во последно време се влошени, како и дека конфликтот со Русија го иницираше Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img