Столтенберг најави дека вистинската офанзива се спрема следната година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет.

– Русија сега се обидува да го „замрзне“ конфликтот, пред да започне поголема офанзива напролет – рече генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник Фајненшл тајмс.

Столтенберг вели и дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта.

За време на своето излагање, Столтенберг нагласи дека евентуалната „победа на Русија ќе предизвика сериозни последици за алијансата и ќе го направи НАТО поранлив“.

Запрашан за коментар за нападите врз воздушните воени бази од украински беспилотни летала, генералниот секретар на НАТО рече дека нема информации за овие конкретни инциденти.

– Гледаме дека Украина спроведува самоодбрана. Мораме да го разгледаме контекстот. Гледаме секојдневни руски напади врз украинските градови, врз критичната инфраструктура на Украина – објаснува тој.

– И, се разбира, Киев има право на самоодбрана – рече Столтенберг, додавајќи дека ставот на Алијансата е дека НАТО „го поддржува правото на Украина како суверена држава на самоодбрана“.

Претходно агенцијата Блумберг ја пренесе изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон не ѝ помогнал на Украина да изврши удари на територијата на Русија.

На 5 декември, украинските сили се обидоа да ги нокаутираат руските авиони со долг дострел, напаѓајќи ги воените аеродроми „Дијагилево“ во регионот Рјазан и „Енгелс“ во регионот Саратов со реактивни дронови од советско производство.

- Advertisement -
Ad image

Руската воздушна одбрана успеа да ги собори беспилотните летала.

Генералниот секретар смета дека завршувањето на конфликтот во Украина нема автоматски да доведе до нормализирање на односите меѓу НАТО и Москва.

– Треба да разбереме дека крајот на оваа војна нема да значи враќање на добрите или нормалните односи со Русија. Треба да бидеме подготвени за долгорочни комплицирани односи со Русија. Тоа значи дека е неопходно да се инвестира во нашата одбрана, во зајакнување на колективната воздржаност и во одбраната на НАТО – нагласи Столтенберг.

- Advertisement -
Ad image

Дополнително, според неговите зборови, од големо значење е прашањето за обезбедување на ефикасноста на функционирањето на оружјето што веќе е испорачано во Украина, испораката на муниција, на резервни делови, како и техничкото одржување на оружјето.

Share This Article