Столтенберг: Кфор засилен со баталјони од Романија, Бугарија и Британија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Столтенберг: Кфор засилен со баталјони од Романија, Бугарија и Британија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Северноатлантската алијанса, како одговор на најновите тензии во Косово, ги засили своите трупи во последните недели со стотици војници.

„Организиравме голем број патроли на северот на Косово. Ова се претпазливи чекори за да се осигура дека Кфор непристрасно го извршува својот мандат. Беоргад и Приштина мора да се однесуваат одговорно, да се воздржат од дестабилизирачки активности и да се вратат на дијалогот. Ова е единствениот начин да се постигне траен мир на Косово“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека засилувањето го сочинуваат баталјони од Романија и Бугарија, покрај претходно испратеното од Велика Британија.

„Зголеменото присуство на силите на НАТО ги поддржува политичките напори на ЕУ и добро е да се види дека во такви тешки и предизвикувачки времиња на Косово, Западен Балкан, Босна… ЕУ и НАТО работат заедно“, рече Столтенберг.

Share This Article