More

    Столтенберг им порача на Украинците да не се опуштаат по освојувањето на Херсон

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека и натаму останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на руската воена агресија врз земјата, предупредувајќи дека силата на Москва не треба да се потценува и покрај неодамнешните успеси на Киев на фронтот.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска го посети јужниот град Херсон, што беше ослободен во досега третото големо руско повлекување од почетокот на војната во февруари.

    – Не треба да направиме грешка и да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржаа значителни капацитети, како и голем број војници – рече Столтенберг за време на заедничката прес-конференција со претставници на холандската влада во Хаг.

    „Следните месеци ќе бидат тешки. Целта на Путин е да ја остави Украина оваа зима во студ и мрак. Затоа, мораме да останеме на курсот”, рече тој.

    Следејќи ги коментарите на американскиот државен секретар Антони Блинкен, и Столтенберг денеска кажа дека Украина треба да одлучи кога и како сака да преговара со Русија за ставање крај на војната.

    – Во моментов тие плаќаат највисока цена во загуба на човечки животи и штета врз земјата. Така што на Украина е да одлучи кои услови се прифатливи за неа – рече генералниот секретар на НАТО.

    – Тоа што се случува околу масата е суштински поврзано со ситуацијата на бојното поле – рече Столтенберг и додаде дека  тоа што треба да се направи е да се поддржи Украина и да ја зајакнат за во одреден момент да има преговори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img