More

    Столтенберг ги смирува сојузниците во Алијансата

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и финскиот претседател Александар Стуб денеска им соопштија на сојузниците во Алијансата дека Русија во моментов не претставува воена закана за НАТО.

    За време на заедничката конференција во Хелсинки, меѓутоа, двајцата предупредија дека земјите од НАТО мора да ја зајакнат Украина и да ги зајакнат нивните воени сили за да ја одвратат евентуалната идна агресија од Москва, јави Њусвик.

    Столтенберг истакна дека на Украина ѝ е потребна „предвидливост и одговорност“ во воената поддршка од НАТО за да се обиде да се одбрани, како што вели, од летната руска офанзива додека Западот се обидува да постигне консензус за мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    -Во текот на последните месеци забележавме некои пропусти, некои одложувања во обезбедувањето воена поддршка за Украина – додаде генералниот секретар на НАТО.

    Столтенберг додаде дека западните сојузници треба да се погрижат да не се повтори доцнењето на воената поддршка на Украина.

    – На Украина и треба предвидливост и одговорност од сојузниците во НАТО во однос на воената поддршка – рече Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img