Столтенберг ги искара Белград и Приштина, потсети дека КФОР брои 4.000 војници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ги тензиите на Косово и Метохија за телевиизијата „Франс24“, испрати јасна порака до двете страни да се воздржат, а дека НАТО е подготвен и дека внимателно ја следи ситуцијата.

– НАТО е многу фокусиран на прашањето за Косово, како и за Западен Балкан. Имаме долга историја, помогнавме да се стави крај на две етнички војни, прво во Босна и Херцеговина, а подоцна и во Косово. Нашите сили сè уште се присутни таму преку силите на НАТО, односно КФОР кој има речиси 4.000 членови и е клучен фактор за стабилизирање на регионот и ситуацијата – рече Столтенберг.

А потоа испрати уште појасна порака:

– Нашите сили се подготвени, способни и внимателни. Тие ја следат ситуацијата многу будно. Силите на НАТО и ЕУ тесно соработуваат. Мој совет до сите страни е да се воздржат од реторика што придонесува за ескалација на конфликтот и да помогнат во намалувањето на тензиите.

Share This Article