More

    Столтенберг е загрижен поради ветото за Шведска и Финска

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази разбирање за загриженоста на Турција поврзана за членството на Шведска и Финска во Алијансата, и рече дека се работи интензивно да се надминат проблемите, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Иако многумина се надеваа дека апликациите за членство на Финска и Шведска многу брзо ќе ги помине процедурите во НАТО, официјална Анкара засега го блокира процесот, бидејќи е загрижена поради врските што ги одржуваат овие две земји аспиранти со групи кои се сметаат за терористички во Турција. НАТО не го потценува ставот на Анкара, рече генералниот секретар.

    – Турција изрази загриженост за сериозни прашања поврзани за тероризмот и работиме да ги решиме тие преокупации – рече Јенс Столтенберг, додавајќи дека голем број други земји членки на НАТО го поддржуваат членството на Шведска и Финска.
    Столтенберг исто така инсистираше дека Турција ја поддржува и политиката на отворени врати на НАТО, но дека се соочува со специфични теми кои и претставуваат проблем. Шефот на Алијансата рече дека и тој и неговиот тим се целосно посветени на решавање на спорот меѓу Анкара и двете земји аспиранти за членство во НАТО.

    Генералниот секретар ги отфрли обвинувањата дека одолговлекувањето на процесот му штети на имиџот на НАТО, или пак дека и оди во корист на Русија.

    – НАТО се 30 различни сојузници, често не се согласуваме за некои прашања на почетокот на процесот, но тоа што го правиме е дека секогаш имаме консултации за да ги усогласиме различностите, некогаш за тоа треба време, тоа е силата на НАТО, носењето одлуки со консензус, самата природа бара време и макотрпна работа но на крајот одлуките се многу силни затоа што сите сојузнички ги носат со консензус – рече Столтенберг.

    Тој не даде временска рамка кога би завршил процесот на зачленување на Шведска и Финска, рече дека неговата амбиција е тоа да се случи “многу скоро“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img