Генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата била однапред информирана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е на пат да ја посети Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чијашто членка е Унгарија, пренесуваат светските агенции.
Орбан претходно денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со таа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.