Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го кажа својот став во врска со ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите.
Според него, она што го прават маркетите со цените е крајно безобразно.
– Случувањето во маркетите е безобразно. Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред – рече Стојаноски во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21.