Стојанче објаснува со каква опрема располагаме за справување со пожари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Центарот за управување со кризи е подготвен како никогаш досега да се справи со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од десет сериозни шумски пожари на територијата на државата, но сите биле брзо изгаснати и затоа граѓаните не знаат за нив.

Тој, во вечерашното гостување на „Сител“ телевизија, посочи дека ер-тракторите се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите на Ангелов, од трите ер-трактори, едниот е функционален, додека вториот се чека да биде донесен од операторот, а третиот се сервисира.

– Имаме два функционални хеликоптери на Армијата, опремени, со искусна посада. Овие хеликоптери се покажаа како исклучително значајни минатата година. Од оваа година, еден хеликоптер на МВР е оспособен за гаснење пожари. Значи, еден хеликоптер и еден авион повеќе од минатата година. Покрај тоа, имаме 820 професионални пожарникари, 200 доброволци од противпожарни друштво. Покрај пожарникарите имаме 60 возила, 45 цистерни, потоа теренски возила со носивост 500, 600 литри, кои можат да се движат по тешко пристапни терени – посочи Ангелов.

Директорот на ЦУК најави средба на Опен Балкан во Тирана на којашто ќе се договара меѓусебна помош за шумските пожари.

– Наредната недела во Тирана ќе се одржи средба на Опен Балкан, односно Србија, Албанија и Македонија на којашто меѓу другото ќе се зборува и за цивилната заштита и кризниот менаџмент, каде што на лице место ќе договориме доколку има потреба од помош на одредена држава како тоа да биде направено на еден брз и ефикасен начин, бидејќи понекогаш оние протоколи кај воздухопловите знаат да ја успорат процедурата како што впрочем се случи минатото лето кога од страна на Србија веднаш ни беа понудени хеликоптери, а ние изгубивме драгоцени часови додека да бидат обезбедени потребните дозволи. Оваа година ќе се погрижиме доколку има потреба целата таа процедура да биде скратена на минимум за да кога ќе побараме помош доколку странска држава има можност да помогне нивните летала брзо да влезат на наша територија – рече Ангелов.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов посочи дека освен опремата, многу е битен човечкиот фактор во гаснењето на пожари.

– Има едно воено правило – додека воена чизма не згазне на боиште битката не е добиена, истото важи и за пожарите, додека пожарникарска чизма не згазне на земја пожарот не е изгаснат, хеликоптерите и авионите помагаат во гаснењето, но луѓето се тие коишто го гаснат целосно, го догаснуваат и потоа внимаваат истиот пожар повторно да не се разбуди и распали и да не се прошири – информираше Стојанче Ангелов.

Share This Article