Стојанче Ангелов на Конгресот на партијата Достоинство, одржан денеска доби уште еден мандат за лидерското моесто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Стојанче Ангелов на Конгресот на партијата Достоинство, одржан денеска доби уште еден мандат за лидерското моесто.

Ангелов беше единствен кандидат и е избран едногласно за лидер на партијата.

На Конгресот, како што се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, покрај претседател на партијата е избран и генерален секретар и Извршен комитет, а воедно е усвоен и нов партиски статут.

За генерален секретар на Достоинство е реизбран досегашниот генсек на партијата, Драган Василевски. Во Извршниот комитет, кој брои девет члена, покрај Ангелов и Василевски се избрани и Горан Здравковски, Звонко Тренчовски, д-р Страшо Глигоров, Богослав Лескаровски, Владимир Лазаров, Сашо Величковски и Зоран Китаноски.

Ангелов, како што е соопштено, по изборот пред присутните делегати го образложи планот и програмата на Достоинство за следниот период. Во нив главниот фокус ќе биде ставен на промена на изборниот модел, односно усвојување на концептот за една изборна единица, потоа развој на демократските процеси, владеење на правото и правна држава, борба против корупцијата и организираниот криминал и влез на земјава во во Европската Унија.

Тој најави поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.

„Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав“, се наведува во соопштението.

Share This Article