Стојанче Ангелов го забрани мостот „Беласица“ за пешаци и за возила

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила сѐ додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел од мостот кој ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ и сѐ додека постои опасност од одронување на бетонски парчиња со кои е премачкан мостот.

Ова е одлука која ја донесе Градот Скопје, а ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Пожарникарите излегле веднаш на терен, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средина на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат. Температурата надминува 1.000 степени целзиусови и од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој што е намачкан мостот долу и постои опасност од оштетување на арматурата. Мостот е топол и утрово. Градот Скопје донесе одлука да го затвори целосно мостот за движење и на пешаци и на моторни возила – рече Ангелов.

Сѐ додека не се утврдат точните штети на кои работи тим од Градот и неколку професори од Градежниот факултет, ЦУК нема да ризикува и мостот ќе остане затворен.

– Мостот верувам дека ќе биде отворен по неговата санација доколку таа е можна. Штетата ќе биде дополнително утврдена, а тие информации ќе ги има градот Скопје. Забрането е движење на пешаците под самиот мост затоа што постои можност од паѓање на бетонски парчиња. Една од можностите за причините е спој на електричните кабли, а втората можност е човечки фактор, но за тоа треба да се произнесе МВР – истакна првиот човек на ЦУК.

Share This Article