Стоилковски открива нови проблеми на Хирургија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат. Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот, соопшти Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е сѐ само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија. Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски, економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен брег? Дали Илир Демири сѐ уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДСМ или треба веднаш да побара одговорност? – рече Стоилковски.

Тој потсети дека 12 дена нема операции на Хирургија поради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер.

– Сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!? Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми. Оставштината на СДСМ и ДУИ во здравството до крај го покажува вистинското лице. Сето ова не смее да заврши со обвинувања на некој нов кабел. Одговорност мора да има, вклучително и етичка и професионална – порача Стоилковски.

Share This Article