More

    Сточарите од Дебарско сами си ги чуваат овците

    spot_img

    Сточарите од дебарскиот регион, покрај другото се соочуваат и со обезбедување овчари, па дел од нив се принудени оваа обврска да ја извршуваат самите.

    Според Скендер Аме, претседател на друштвото на одгледувачи на овци „Даши“ е последица, главно на масовната миграција на населението во регионот.

    -Познато е дека масовната миграција на населението во Дебар и регионот донесе проблеми во обезбедувањето на работна сила. Тоа го погодува и нашиот сектор каде сериозен проблем е обезбедувањето овчари иако месечната плата изнесува од 700 до 800 евра. Тука секако и незаинтересираноста на локалните жители да се занимаваат со оваа дејност. Поради тоа дел од сточарите се принудени сами да го обавуваат тоа – додава Аме.

    Посочува дека до пред неколку години, бидејќи и тогаш имало недостиг од овчари, нив најмногу ги обезбедувале од албанските погранични населени места, нагласувајќи дека масовната миграција на младите и во соседна Албанија, овчари веќе не може да обезбедат и од таму.

    Недостигот на овчари, нагласува Аме, е дополнителна причина за намалувањето на стадата овци на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои членуваат во друштвото.

    Ако до пред три-четири години на ова подрачје имаше над 40.000 грла овци, моментно нивниот број е околу 30.000. Годинава имаше и помал број јагниња за продажба или околу 7.000

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img