Сточарите бараат реална откупната цена за да излезат на крај со трошоците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сточарите од Брегалничкиот регион бараат реална откупна цена на јагнешкото месо. Сметаат дека цената од 180 до 190 денари за килограм жива мера не им е ниту исплатилива, ниту доволна за да преживеа. Наспроти ова во месарниците цената на јагнешко месо се продава по цена од над 540 денари за килограм.

Сточарот Омер Бајрам од штипското село Лакавица е единствениот кој остана да чува овци. Тој вели дека цената на храна е висока, има многу работа околу овците и јагнињата, а на крајот речиси и ништо не останува. Според него реалната откупна цена на јагнето треба да биде околу 280 денари.

– Цената е 180 до 190 денари жива мера, а во месарите е 500 до 600 денари во месарнциите. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концетрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари. Реалната цена треба да биде барем двојно повисока,  оти 100% се е поскапено. Минимална откупна цена треба да  е 260 до 280 денари – вели Бајрам.

Иако има 400 грла овци, тој не произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и откупата цена на млекото.

– Од нас сточарите млекото го земаат евтино за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правеме со него. Лани беше 40 денари, оваа година 50 денари овчо млеко. Едно кафе во кафиќ е 60-70 денари, а едно литро овчо млеко е 50 денари – вели Бајрам.

Тој додава дека сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за одвај десет денари.

Share This Article