Рок бендот Аеросмит откажа дел од закажаните настапи во Лас Вегас, откако фронтменот Стивен Тајлер повторно се пријави за лекување од зависност.
Според Би-Би-Си, Тајлер, кој е „чист“ повеќе од една деценија, повторно западнал во неволја откако земал лекови против болки поради операција на стапалото.
Пејачот (74) доброволно се пријавил на лекување, за да се посвети на здравјето и закрепнувањето, се вели во соопштението на бендот.
Аеросмит требаше да почне да игра на 17 јуни.
Сега сите концерти закажани за јуни и јули се откажани, а бендот нагласи дека концертите треба да продолжат во септември.