Американскиот актер Стивен Сигал, кој има и американско и руско државјанство, изјави дека никогаш нема да се откаже од руското државјанство, и покрај растечкиот јаз меѓу Москва и Западот.
„Никогаш нема да се откажам од мојот руски пасош. Друга работа, секојдневно сум изложен на русофобија“, изјави Сигал без да наведе повеќе.
Сигал, која е ѕвезда од акционите филмови, доби руско државјанство во 2016 година по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.
Откако добил државјанство, го посетил далечниот исток на Русија, каде што ги барал руските роднини на неговиот татко.
Сигал нагласи дека има „многу роднини некаде во Русија“ – во Буратија, Јакутија, Иркутск и Приморски крај. Тој додаде дека „можеби има“ роднини и во Украина.