Пиоли во сабота за последен пат ќе го предводи тимот на Милан во мечот од 38. и последно коло во италијанскиот шампионат против Салернитана. Милан го заврши првенството на второто место, со девет бода помалку од првопласираниот Интер. По крајот на сезоната, Росонерите ќе одлетаат за Австралија за да одиграат пријателски натпревар против Рома во Перт на 31 мај, но очигледно без Пиоли.
Пиоли (58), кој на Милан му ја донесе 19. шампионска титула во Италија во 2022 година, имаше договор до јуни 2025 година.
„Милан изразува срдечна благодарност до Стефано Пиоли и целиот негов персонал што го водеа првиот тим во изминатите пет години, обезбедувајќи незаборавна титула во Лигата и повторно воспоставување на постојаното присуство на Милан во највисокото европско натпреварување. Професионализмот и човечкиот допир на Стефано значително придонесоа за растот на тимот, отелотворувајќи ги основните вредности на клубот од првиот ден“, се вели во соопштението на клубот.
Според италијанските медиуми, оваа пријателска поделба го отвора патот за доаѓањето на Португалецот Пауло Фонсека, кој мина две сезони во францускиот прволигаш Лил и кој ја познава Серија А додека беше тренер на Рома во периодот од 2019 до 2021 година.