Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ преку објава на Инстаграм откри дека се верил со својата сакана Тинеа.
Парот е во врска веќе неколку години, а пејачот ги сподели убавите вести со своите следбеници на Инстаграм, со опис: „Рече ‘засекогаш’“.
На првата фотографија Стефан позира со вереницата, додека на втората се гледа Тинеа со вереничкиот прстен во преден план.
Претходно, прв во брачните води заплови неговиот брат Мартин кој пред речиси една година се ожени со ракометарката Андреа.