More

    Статистичко чудо: дури 433 луѓе го погодија џекпотот на Филипините

    spot_img

    На 433 луѓе им биле исплатени вкупно 1,7 милијарди евра, а необични се и добитната комбинација и бројот на добитници. Тешко веројатната статистичка случајност ја стави лотаријата под лупа, јавува Би-Би-Си.

    Според локалните филипински медиуми, главната награда на Гранд Лото ја освоиле најмногу луѓе досега. Секој од 433-та добитници добил по четири милиони евра, што значи дека се исплатени вкупно 1,7 милијарди евра.
    Учесниците на лотаријата избираат шест броеви од еден до 55. За џекпот, сите шест мора да бидат исти како оние извлечени од барабанот. Овој пат сите бројки на добитната комбинација беа множители на девет, пишува Би-Би-Си.

    Професорот по математика на Универзитетот во Калифорнија, Теренс Тао, изјави за Би-Би-Си дека ваква низа од броеви за една лотарија е ретка, но со оглед на бројот на лотарии што се одржуваат секој ден низ светот, не е чудно што таков необичен резултат се случува на секои неколку децении..

    Сепак, многу поретко е толку многу луѓе да погодат добитна комбинација. Според Гвидо Дејвид, професор по математика на Универзитетот на Филипините, шансата за таква голема победа е 1, а потоа 1.224 нули. „Не знам како да го наречам овој број бидејќи е толку голем. Бројот на молекули во познатиот универзум има само 80 нули“, објасни тој.

    Како што јавува и Би-Би-Си, лидерот на филипинската опозициска партија Коко Пиментел побарал истрага за „сомнителните“ резултати. „Лотаријата е под државно управување и затоа мораме да го одржиме и заштитиме интегритетот на овие игри“, рече Пиментел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img