Стартен пораз на македонските кошаркари во Талин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската машка кошаркарска репрезентација со пораз ги почна олимписките претквалификации, откако вечерва загуби од Израел со 65-86.

Во воведниот натпревар на претквалификацискиот олимписки турнир што денеска почна во Талин, македонскиот состав од самиот почеток беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше девет поени (38-47).

Израел ги реши дилемите околу победникот во третата четвртина која македонските кошаркари ја загубија со 13-25, а Израел до крајот извојува убедлива победа,

Најефикасен во македонските редови беше Ти Џеј Шортс со 22 поени.

Во истиот термин од 18 часот утре во Арената „Тондираба“ противник на македонските кошаркари ќе биде домаќинот Естонија.

По ден пауза, во вторник од 16. часот, „црвено-жолтите“ ќе играат против репрезентацијата на Чешка, која претходно денеска го совлада домаќинот Естонија со 77-74.

Пласман во полуфиналната фаза од турнирот во Талин ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации, кои ќе вкрстат со двете најдобри селекции од групата во Полска во која покрај домаќинот се и Полска, БиХ, Унгарија и Португалија.

Пласман во квалификациите за ОИ 2024 во Париз ќе обезбеди само најдобрата од овие осум репрезентации, кои се дел од европската зона.v

Share This Article