Старлетата Сораја Вучелиќ заврши во болница во Хрватска со скршени ребра и тешки повреди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една од најпознатите старлети во регионот, Сораја Вучелиќ, се бори за живот, како што јавија локалните медиуми. Старлетата во саботата доживеала страшна сообраќајна несреќа на границата со Албанија и е во тешка состојба, пишува српски Информер.

Сораја наводно имала скршеници на ребрата и внатрешно крварење. Поради ова таа вчера од Албанија била префрлена во Хрватска на итна операција.

– Лекарите од саботата се борат за животот на Сораја. Веднаш по несреќата била префрлена во приватна клиника во Албанија каде и била оперирана. Сепак, вчера состојбата и се влошила и почнала внатрешно да крвари. Семејството и пријателите решиле да ја префрлат во Хрватска на нова операција – раскажува за Информер извор близок на старлетата и објаснува што всушност се случило во кобната сабота.

– Сораја со пријателка заминала од Косово за Албанија. Таа управувала џип „мерцедес“ во кој удрило комбе. Од силината на ударот Сораја за малку ќе прелетала низ возачкото седиште. Со градите удрила во воланот при што ги скршила ребрата и ги повредила внатрешните органи – додава анонимниот извор.

Според него, сцената била морничава.

– Автомобилот е целосно уништен! Пожарникарите морале да ги извлечат Сораја и нејзината пријателка од џипот. Итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и ја нашла во несвест. Ја приклучиле на инфузија и ја однеле во приватна клиника. Лекарите детално ја прегледале и утврдиле дека има скршеници на ребрата, повреди на вратот, белите дробови и стомакот, па затоа била оперирана. Но, вчера ненадејно се појави ново крварење и таа мора да оди на нова интервенција – изјавил извор за Информер.

Сораја Вучелиќ го купила џипот со кој удри летово во Црна Гора за 120.000 евра. Екипата на емисијата „Папрацо лов“ ја фатила старлетата додека се возела со џипот низ Тиват, пред месец и половина.

Share This Article