More

    Старлетата шокираше со својата изјава

    spot_img

    Британската старлета и ријалити ѕвезда Кејти Прајс е мајка на пет деца, а нејзиниот 20-годишен син Харви има аутизам, боледува од АДХД, има генетско нарушување познато како Прадер-Вили, а исто така е слеп.

     

    Ријалити ѕвездата го родила на 23 години, а неговите нарушувања значајно им го отежналe животот.

    „Знам дека е ужасна работа да се каже, но се надевам дека ќе умре пред мене, бидејќи нема да може да се снајде без мене. Останатите деца секако би биле тажни ако умрам, но тој нема да разбере зошто не се враќам“, рекла изјавила Кејти.

    Таа изјава наиде на многу негативни коментари.

    Кејти во повеќе наврати мислела дека нејзиниот син нема да преживее повеќе од 18 години, а една од причините била дебелината, чија една од последиците е отежнатото дишење. Во тоа време Харви имал дури 180 килограми.

     

    Меѓутоа, наследникот на Прајс годинава го прославил својот 20-ти роденден, а гордата мајка се пофалила на социјалната мрежа Инстаграм.

    „Бев млада кога го родив Харви и, признавам, да знаев дека е слеп додека бев бремена, без разлика колку тоа звучи ужасно, веројатно ќе абортирав“, рекла таа.

    Меѓутоа, денес го променила мислењето.

    „Денес мојот одговор би бил – нема шанси. Денес да ми кажат дека ќе родам дете со инвалидитет, ќе го задржам. Дури и би посвоила дете со хендикеп. Додека не се најдете во таа ситуација, не знаете“, додава старлетата.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img