More

    Стари и нови имиња во Собранието – Кој се ќе биде пратеник во Собранието?

    spot_img

    Од 93,84% од обработените гласови во Изборната едница 6 распоредот на пратеничките места е во корист на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Али Ахмети на коалицијата ѝ донесе 9 мандати, додека Биљал Касами од коaлицијата Вреди обезбеди 7 мандати.

    Во идниот собраниски состав албанскиот електорат ќе го претставуваат Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати, Фатмире Исаки од Европскиот фронт иБиљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани од Вреди.

    Освен Дафина Николоска, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе влезат и Александар Велјановски и Валентина Марчевска.

    Од 81,36% од обработените избирачи кои излегоа на парламентарните избори во ИЕ 4, вкупно гласале 139.086 лица. Според проекциите на обработените податоци, ДИК пресмета дека во новиот собраниски состав ќе влзезат следниве 20 пратеници од четворката.

    Носителот на пратеничката листа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, ВМРО- ДПМНЕ, Александар Николоски, на својата партија ѝ обезбеди 13 мандати или 8 мандати повеќе од носителот на Коалицијата за европска иднина – СДСМ, поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

    Во новиот парламентарен состав СДСМ ќе го претставуваат Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска и Борче Цветков.

    Покрај Николоски, политиките на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе ги застапуваат и пратениците: Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузманоска.

    Левица и ЗНАМ во Собранието ќе ги претставуваат по еден пратеник, односно носителите Сашко Јанчев и Миле Цеков.

    Од досега обработените 86,58% од гласовите во ИЕ5, дваесетте мандати се поделени меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ; Европскиот фронт, Коалицијата Вреди и ЗНАМ.

    Најмногу, 10, мандати обезбеди Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај Сајкоски, од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието влегуваат и Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакраческа.

    Јован Митрески од СДСМ обезбеди 4 мандати, од кои еден за себе и три за Бисера Костадиновска Стојчевска, Митко Трајчулески, Боби Мојсоски.

    Зијадин Села од Алијанса за Албанците од колаицијата предводена од ДУИ, „Европски фронт“, во Собранието ќе ги брани политиките на албанскиот блок заедно со Муса Џафери и Арбана Пашоли.

    Вреди и ЗНАМ во Собранието ќе имаат по еден претставник, односно носителите Салим Сулејмани и Весна Бендевска.

    Со обработени 645 од 682 избирачки места (94,57%), според податоците на Државната изборна комисија, во Изборната единица 3, апсолутен победник е коалицијата Твоја Македонија.

    Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драган Ковачки, обезбеди 14 мандати, што е најголем број на освоени мандати по изборни единици за сите партии.

    Покрај него во ИЕ 3 пратенички места добија: Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова.

    СДСМ предводена од Сања Лукаревска во оваа изборна единица освои само 4 пратенички места, барем според доега обработените податоци: Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски. Левица во ИЕ 3 освои само едно избирачко место Борислав Крмов и ЗНАМ освои едно пратеничко место, а тоа е Павле Арсоски.

    Во првата Изборна единица од обработени 94,06% Коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, Христијан Мицкоски, Гордана Кочовска Димитриевска, Коалиција, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева и Иванка Василевска, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, коалицијата Европски фронт на ДУИ и Коалицијата од албанскиот опозициски блок Вреди по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија еден пратеник Бобан Карапејовски.

    Во Изборната единица 2 од обработени 92,46%, Коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ би имала 9 пратеници, Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Коалиција, Бобан Николовски, Бојан Стојановски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски, Дијана Илиевска. коалицијата Европски фронт на ДУИ четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок Вреди 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 2 мандати, додека Левица, Амар Мациновиќ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img