На денешната седница на Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ) биле разгледани писмата од вселенскиот патрихарх Вартоломеј и од српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија, а одлучено било БПЦ да ја признае МПЦ-ОА, наведено е во соопштението од БПЦ.
„Бугарската православна црква – Бугарската патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги поздравува одлуките за решавање на расколот и стапува во канонско и евхаристиско заедништво со Православната црква на Северна Македонија. Останува да се размислува за името на православната црква во Северна Македонија“, наведено е во соопштението на БПЦ.