Во првото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места во земјава изнесува 2,03 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,59 % има секторот „административни и помошни услужни
дејности“, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ во кој изнесува 0,50%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,46 %.
Пелагонискиот регион е со највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,28 %. Најголем број слободни работни места, односно 2.023, има во петтата група занимања „работници во услужни дејности и продажба“.