Стана милијардер на 85 години и не знае што да прави со парите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Отри Стивенс (85) е богаташ за кој малкумина слушнале и би можела да стане најбогатиот нафтен тајкун во САД овие денови.

Имено, тој го продаде својот Endeavor Energy Resources на компанијата Diamondback Energy за 26 милијарди американски долари и доколку регулаторите ја одобрат зделката, а и треба, неговото богатство ќе порасне на речиси 20 милијарди долари. Така, тој ќе стане милијардер и 77-ми најбогат човек на светот.

Поконкретно, неговото богатство се зголемило за 17,5 милијарди долари во однос на истиот период минатата година. Предни се само Џенсен Хуанг од Nvidia и Марк Цукерберг од Мета.
Меѓутоа, овој тивок и самобендисан богаташ не се решил да ја продаде компанијата основана во 1979 година за пари или статус на листата на најбогати. Причината е потажна… Дијагностициран му е рак на простата, а бизнисот не сакал да го префрли на своите деца – ќерката Линдал Грет и синот Џозеф Мартин. Додека синот не е дел од компанијата, ќерката седнала на одборот.

Стивенс е познат по својата скромност, што го издвојува во друштвото на милијардери. Тој возел стар Toyota Land Cruiser на работа и летал со економска класа на Southwest Airlines. Тоа го отсликува неговото скромно воспитување на фарма во Централен Тексас каде што се одгледувале кикиритки и лубеници. Неговите првични амбиции беа да заработи постојана плата и удобно пензионирање. Својот успех го припишува на неговата отвореност кон нови идеи и технологии, пишува The Wall Street Journal.

Стивенс долго се спротивставуваше на надворешните напори да го купи Ендевор, која беше една од последните независни големи нафтени компании во Западен Тексас.

Запрашан што ќе прави со новооткриените милијарди, Стивенс рече дека сè уште не знае што ќе прави со толку пари бидејќи сè уште не размислувал за тоа.

Share This Article